Одделение за уролошка хирургија
Амбулантна соба
8
Раководител на оддел
Д-р. Суат Абдиу
Специјалист по урологија
Одделенска сестра
Елмедина Хелшани
Телефон:
/
Е-пошта:
/
За одделението
Одделението за Урологија при УКХБ Св. Наум Охридски Скопје обезбедува квалитетен амбулантски и хоспитален третман на секундарно и терциерно ниво за пациенти од целата територија на Република Македонија.
Нашиот уролошки тим е составен од високо обучени стручњаци кои се посветени на дијагностика, третман и иновации во областа на урологијата.
Третмани и дијагнози
Нудиме хируршки интервенции за решавање на различни состојби, вклучувајќи:
- Калкулоза на уринарни патишта
- Бенигна простатична хиперплазија (БПХ)
- Анатомски нарушувања на мочни канали – бубрежна карлица, уретер и уретра
- Карцином на мочен меур
- Карцином на простата
- Карцином на бубрег
- Тумори на надбубрежна жлезда
- Пејрониева болест
- Пореметувања на надворешни гениталии (хидроцела, варикоцела и малигни состојби)
- Урогенитална траума
Во третманот применуваме различни оперативни техники, вклучувајќи ендоскопски, лапароскопски и класични методи. Во третманот на бенигната простатична хиперплазија и калкулоза на уринарните патишта, се применува и Thulium ласер, што претставува современа опција во нашата пракса.
