Одделение за радиодијагностика
За одделението
Одделението за радиодијагностика при УКХБ „Свети Наум Охридски“ – Скопје е опремено со најсовремена медицинска технологија за прецизна и сеопфатна дијагностика.
Со широк спектар на процедури, вклучувајќи магнетна резонанца, компјутерска томографија, мамографија и интервентни методи, обезбедуваме врвна грижа и точност во поставување на дијагнози.
Во рамки на одделението се применуваат следните дијагностички процедури:
- Конвенционални радиолошки методи (без и со контраст)
- Ултрасонографија ( абдомен, уро тракт, меки ткива, мускулоскелетен систем, дојки,тестити)
- Компјутеризирана томографија ( мозок, `рбетен столб, абдомен со карлица, КТ урографија, КТ на мускулоскелетен систем, периферни КТ ангиографии, КТ ангиографија на крвни садови на мозок)
- Магнетна резонанца ( мозок, рбетен столб, МРЦП, абдомен, мала карлица, уринарен тракт, локомоторен систем)
Третмани и дијагнози
Дијагностика на Промени во Дојка
Одделението за радиодијагностика обезбедува сеопфатна и прецизна дијагностика на промените во дојката со примена на најсовремени технологии.
- Мамографија и 3Д мамографија – овозможуваат детално прикажување на промените во ткивото на дојките.
- Ултразвук на аксили и дојка – неинвазивен метод за анализа на меки ткива.
- Color Doppler и еластографија – обезбедуваат дополнителна прецизност во проценката на промените во дојката.
Интервентни Дијагностички Методи
Нашето одделение нуди широк спектар на интервентни дијагностички процедури за точно и навремено поставување на дијагноза:
- Биопсија на промени во дојка (под ултразвук или стеротаксија).
- Поставување на жица маркер за следење на промените.
- Аспирациона биопсија под ултразвук.
- Биопсија на аксиларни лимфни жлезди под ултразвук.
- Биопсија на органи и меки ткива под КТ и ултразвук.
- Дренажа на апсцеси и цистични промени во абдомен.
- Фистулографии, КТ хидро колонографија и МР артрографии.
Скрининг Мамографија
Скрининг мамографијата е достапна бесплатно за асимптоматски жени на возраст од 45+ години, овозможувајќи рано откривање на промени и навремено лекување.
Со овие напредни методи и современ пристап, нашето одделение гарантира прецизна, навремена и професионална здравствена грижа.
