Одделение за детска хирургија
За одделението
Одделот за детска хирургија функционира уште од основањето на болницата, обезбедувајќи врвна хируршка грижа за деца до 14-годишна возраст. Секојдневно се згрижуваат и третираат пациенти со акутни и хронични хируршки заболувања, со приоритет на ургентните состојби, скелетната и висцералната траума, како и третманот на изгореници и смрзнатини.
Нашиот тим на детски хирурзи продолжува со традицијата на пионерите во оваа област, кои ги изведоа првите лапароскопски операции на деца во Македонија. Денес, рутински се изведуваат операции на препонски кили, неспуштени тестиси, циркумцизии, како и минимално инвазивни процедури како лапароскопска апендектомија, холецистектомија и третман на варикоцела. Со современи методи и технологија, се стремиме да обезбедиме најдобра хируршка грижа за најмладите пациенти.
Третмани и дијагнози
1. Трауматолошки повреди
- Скелетни повреди (скршеници) – третирани минимално инвазивно со затворена репозиција и перкутана фиксација.
- Скелетна и висцерална траума (повреди на внатрешните органи).
- Повреди на екстремитетите – реконструкција на тетиви и корекција на дефекти на кожа.
- Изгореници и смрзнатини.
2. Ургентни хируршки состојби
- Акутен апендицит – лапароскопска апендектомија.
- Ингуинална хернија (препонска кила).
- Торзија на тестис – итен хируршки третман.
3. Пластична и реконструктивна хирургија
- Корекција на вродени аномалии.
- Синдактилија (сраснати прсти) – хируршка корекција.
- Мекоткивни тумори и дермоидни цисти – отстранување.
- Реконструктивни операции по повреди.
4. Урогенитални хируршки состојби
- Неспуштени тестиси (крипторхизам) – хируршка интервенција.
- Циркумцизија (обрежување) – естетски и медицински причини.
- Варикоцела – минимално инвазивен третман.
