Одделение за васкуларна хирургија
Амбулантна соба
4
Раководител на оддел
Д-р Игор Костов
Супспецијалист по васкуларна хирургија
Одделенска сестра
Бранкица Костовска
Телефон:
/
Е-пошта:
/
За одделението
Одделот за Васкуларна Хирургија при Градската хируршка болница „Свети Наум“ обезбедува сеопфатна грижа за пациентите со васкуларни заболувања, вклучувајќи превенција, дијагностика, хируршки третман и постоперативна нега.
Нашиот тим од искусни васкуларни хирурзи и медицински сестри спроведува елективни и ургентни хируршки интервенции, кои се надополнети со современ постоперативен третман и рехабилитација. Покрај тоа, одделот располага со васкуларна лабораторија за напредна ултразвучна дијагностика, овозможувајќи прецизно следење и навремена интервенција.
Третмани и дијагнози
Нашите Васкуларни хирурзи обезбедуваат целосен програм на Васкуларни хируршки опции за нашите пациенти:
- Хируршки третман на абдоминална аортална анеуризма со отворена хирургија.
- Реваскуларизација на крвните садови на горните и долните екстремитети со отворена хирургија (директна и индиректна).
- Лекување на артериска инсуфициенција предизвикана од периферна артериска болест (ПАД).
- Превенција, дијагностика и хируршки третман на примарна и секундарна венска инсуфициенција на долните екстремитети.
- Амбулантска флебектомија за минимално инвазивно отстранување на проширени вени.
Венски пристап и минимално инвазивни процедури
- Колор Доплер асистирана склерозација на вени.
- Радиофреквентна аблација на вени – современа техника за третман на венска инсуфициенција.
- Амбулантска флебектомија – минимално инвазивна хируршка процедура.
- Поставување на венски пристап за терапевтски потреби.
