Одделение за абдоминална хирургија – женско
За одделението
Одделот за висцерална и абдоминална хирургија А при Универзитетската за хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје функционира од основањето на Клиниката за хируршко лекување на пациенти со општохируршка и абдоминална патологија. Одделението е посветено на современ третман на акутни, хронични и онколошки состојби во абдоминалната регија, со употреба на најнови техники и современ инструментариум.
Основни услуги и активности:
- Амбулантски прегледи и проценка на пациенти
- Елективни и ургентни хируршки интервенции
- Специјализирани лапароскопски и отворени хируршки процедури
Одделението располага со 6 доктори специјалисти и 2 супспецијалисти, од кои еден со академско звање Доцент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тимот ја комбинира медицинската експертиза со современи техники, со цел да обезбеди сигурна, прецизна и грижлива хируршка нега.
Третмани и дијагнози
Елективна хирургија:
Одделението изведува планирани оперативни зафати од различни области, како што се:
-
Хирургија на езофагусот (бенигни и малигни состојби)
-
Хирургија на дијафрагма
-
Поправка на абдоминални хернии (вродени, стекнати, пост-инцизионални)
-
Хируршки третман на желудник, тенко и дебело црево поради тумори, воспаленија, стенози, опструкции
-
Операции на билијарниот систем (жолчка и патишта)
-
Хирургија на слезенка и одредени интервенции на панкреас
-
Лапароскопски интервенции кај избрани случаи
-
Други интервенции на гастроинтестиналниот тракт
Ургентна хирургија:
Тимот реагира брзо и ефикасно при:
-
Трауматски повреди на абдоменот и внатрешни органи (во рамки на изолирани или политрауматски состојби)
-
Ургентни воспалителни или онколошки состојби
-
Опструкции на дигестивниот или билијарниот систем
-
Други акутни абдоминални компликации
