БИОХЕМИСКО-ХЕМАТОЛОШКА И ИМУНОЛОШКА ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА
АМБУЛАНТНА СОБА:ЛАБОРАТОРИЈА

  • Раководител на оддел:

    Д-р Виолета Тодорова,

    Специјалист по медицинска биохемија

  • Главен медицински лаборант: Боби Стојановски

  • Телефон:
  • Е-пошта:

За одделението:

Хематолошко – биохемиско – имунолошката лабораторија работи во состав на ЈЗУ Универзитетската Клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски – Скопје од нејзиното основање. Со развојот и усовршувањето на хируршката дејност на болницата се развиваше и лабораторијата, се со цел комплетно опслужување на потребите на истата, односно навремено, ефикасно, прецизно и точно изведување на лабораториските иследувања, и учество во поставувањето на дијагнозата и спроведување на терапија на ургентни и хируршки пациенти. Вршиме лабораториски услуги за пациенти од нашите специјалистичко консултативни амбуланти и пациенти кои стационарно се лекуваат кај нас .

Хематолошко – биохемиската имунолошката лабораторија нуди:

  • На располагање 24 часа во текот на денот, 365 дена во годината,
  • Брза, точна, прецизна и квалитетна изработка на анализите со најсовремена апаратура и опрема,
  • Изработка на итни и ургентни анализи во најкраток рок (30 мин – 1 час )
  • Калибрација, секојдневна контрола на квалитет ,
  • Mесечна сертифицирана надворешна контрола PREVECAL –ШПАНИЈА и тромесечна надворешна контрола ESFEQA Gmbh- ГЕРМАНИЈА ,со највисоки технолошки, административни како и лабораториско – медицински стандарди со надзор од високо стручен и професионален кадар.
  • Потполно безбеден систем за земање на крв со вакум систем – моновети од страна на искусен и обучен медицинско – лабораториски персонал .
  • Целосна меѓусебна софтверска поврзаност на сите апарати во лабораторијата со амбулантите, болничките оддели во Клиниката и со Мој термин.
  • Унапредување на човековото здравје според најсовремени стандарди е наша основна цел со високо квалификуван и професионален персонал со најсовремени клиничко лабораториски тестови од различни области на медицината – клиничка хематологија, биохемија, ендокринологија, имунологија, вирусологија.

ВИДОВИ НА ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ

  • Хематолошкиот статус:Автоматизирана изработка на Комплетна крвна слика со диференцијална крвна слика и седиментација на еритроцити.
  • Уринарен статус: Автоматизирано испитување, макроскопски преглед – хемиски и микроскопски преглед на урина – седимент.
  • Испитување на разни содржини од дрен, од сонда и друго.
  • Глуциден статус: Испитување на глукоза во крв.
  • Деградациони продукти: Уреа во серум и урина, Креатинин во серум и урина, мокрачна киселина во серум и урина, тотален билирубин, директен билирубин и индиректен билирубин.
  • Ензимски статус: Алфа амилаза во крв и во урина, АСТ(ГОТ), АЛТ(ГПТ), ЛДХ, ГГТ, ЦК, ЦК-МБ, алкална фосфатаза, липаза, холинестераза
  • Протеински статус: Тотални протеини, албумини, глобулини,
  • Липиден статус: Вкупен холестерол, триглицериди, ХДЛ, ЛДЛ
  • Елекролитен статус: Натриум, калиум, јонизиран калциум, хлориди, серумско железо,
  • Имунолошки статус: ЦРП, феритин, АСО и РФ
  • Туморски маркери: АФП, ЦЕА, Ца 19-9, Ца 15- 3, Ца 125, ПСА, фПСА, бета ХЦГ,
  • Вирусни маркери: HIVAg/Ab , Anti-HCV , HBsAg
  • Хормонски статус : ТСХ , ФТ4

Доктори на одделението за Биохемиска-Имунлошка лабораториска дијагностика:

Д-р Дафина Крстевска

Д-р Дафина Крстевска

специјалист по медицинска биохемија

Лидија Симиќ Гравчевска

Лидија Симиќ Гравчевска

самостоен стручен соработник-биолог

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: Одделението работи со интерни упати на болницата, не работи со закажување на термини преку Мој Термин.

Scroll to Top