Одделение за Интерна Медицина
За одделението
Одделот за интерна медицина при Универзитетска хируршка болница „Свети Наум Охридски“ - Скопје обезбедува сеопфатна предоперативна проценка и следење на пациентите во постоперативниот период. Нашите специјалисти вршат детална интернистичка евалуација со цел да се обезбеди максимална безбедност и успешност на секој хируршки зафат.
Годишно се прегледуваат и проценуваат над 6000 пациенти, што го прави одделот клучен сегмент во обезбедувањето на квалитетна и персонализирана медицинска грижа. Во моментов, тимот се состои од двајца специјалисти по интерна медицина и еден супспецијалист по гастроентерохепатологија, кои со своето искуство и стручност придонесуваат за највисоките стандарди во здравствената заштита.
Третмани и дијагнози
Работата на одделот за интерна медицина е организирана според потребите на пациентите и хируршките одделенија, обезбедувајќи високо ниво на медицинска грижа во следниве дејности:
- Предоперативна проценка на пациентите планирани за хируршки интервенции.
- Постоперативен менаџмент и третман за следење и оптимизација на закрепнувањето на пациентите.
- Третман на интернистички коморбидитети кај пациенти од областа на трауматологија, неврохирургија, абдоминална хирургија, урологија, васкуларна хирургија и пластична хирургија.
- Редовно изведување на ендоскопски интервенции за амбулантски и хоспитализирани пациенти.
- Планирано воведување на ехокардиографски проценки како дел од предоперативната евалуација.
Со ваквиот пристап, одделот за интерна медицина обезбедува континуирана и интегрирана грижа за сите пациенти во болницата.
