Одделение за Неврохирургија
За одделението
Одделението за неврохирургија при Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје е современо организирана единица посветена на дијагностика, лекување и хируршки третман на заболувања и трауми од областа на неврохирургијата, невротраумата и спиналната хирургија. Стручниот тим на одделението вклучува искусни неврохирурзи и медицински кадар кој применува најнови оперативни техники и грижа базирана на медицинска експертиза, професионализам и емпатија кон пациентите.
Третмани и дијагнози
Невротраума:
Одделението врши итен и плански третман на сите видови краниоцеребрални повреди, вклучувајќи:
-
Скршеници на черепот (линеарни, импресивни, отворени, затворени, фронтобазални)
-
Внатречерепни хематоми (епидурални, субдурални, интрацеребрални)
-
Повреди на мозочно ткиво (комоции, контузии, лацерации)
-
Инфекции како абсцеси и други компликации
Неврохирургија:
Во рамките на неврохируршкиот сегмент се изведуваат:
-
Третман на хидроцефалус со имплантација на дренажа (Pudens систем)
-
Хируршко лекување на мозочни тумори, метастази и цистични формации
-
Отстранување на коскени тумори (остеоми) на краниумот
-
Третман на заболувања на периферните нерви на екстремитетите
-
Изведување на трахеотомии
-
Интервенции за дизрафични аномалии на 'рбетот
Спинална хирургија:
Одделението располага со целосна експертиза за:
-
Третман на дискус хернија во вратен, торакален и лумбален дел на 'рбетот (на едно или повеќе нивоа)
-
Спинални стенози и спондилолистези
-
Повреди и скршеници на 'рбетниот столб, вклучително и остеопоротични скршеници
-
Вертербопластика – минимално инвазивна интервенција
-
Хируршки третман на тумори и патолошки состојби на 'рбетот
