Anesteziologija

Одделение за операциони сали

Амбулантна соба /
Д-р Ѓорѓи Ставридис
Раководител на оддел Д-р Ѓорѓи Ставридис Специјалист по општа хирургија
Јованка Масинова
Одделенска сестра Јованка Масинова
Телефон: /
Е-пошта: /

За одделението

Одделот за операциони сали е стратешки важна единица во рамки на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, која обезбедува безбедна, ефикасна и современа хируршка нега. Одделението е опременo според највисоките медицински стандарди и служи како централен ресурс за подготовка и реализација на оперативни интервенции во болницата.

Основните активности на одделот вклучуваат:
  • Подготовка на оперативна програма

  • Подготвување и организација на операционите сали и материјали

  • Стерилизација и проверка на хируршки инструментариум

  • Контрола на хигиенско-санитарната безбедност преку земање брисеви

Одделот располага со 5 модерно опремени операциони сали, дизајнирани за изведување на широк спектар хируршки интервенции, вклучително и минимално инвазивни процедури. Салите се опремени со:

  • Лапароскопи и ендоскопи

  • Хируршки микроскоп

  • Два рентген апарати за интраоперативно снимање

  • УВ лампи и „топови“ за прочистување и дезинфекција

Медицинскиот тим го сочинуваат:
  • 2 доктори специјалисти

  • 11 медицински сестри (3 дипломирани, 8 инструментарки)

  • Единица за стерилизација со 4 техничари, од кои еден е дипломиран организатор на процесите

Стерилизацијата се врши со:
  • Автоклав стерилизатор

  • Плазма стерилизатор (CISA)

  • Машина за механичко перење на инструменти

Целокупниот тим функционира координирано и професионално, со цел обезбедување на максимална безбедност и поддршка при секоја интервенција.

Третмани и дијагнози

Иако Одделот за операциони сали не третира директно болести, тој претставува критична логистичка, техничка и организациона основа за успешно изведување на сите оперативни интервенции во болницата. Овој оддел е директно вклучен во секоја фаза на хируршката грижа – од подготовка на просторот, инструментариумот и стерилните услови, па сè до координација со медицинскиот тим за непречено и безбедно спроведување на зафатите.

Ниту една хируршка процедура не би била можно да се изведе без активна поддршка од операционите сали – било да се работи за неврохирургија, трауматологија, абдоминална и висцерална хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, урологија, или други специјализирани одделенија.

Со својата постојана подготвеност, современа технологија и високо обучен кадар, одделот ја обезбедува инфраструктурата што го поврзува целокупниот хируршки систем на болницата, гарантирајќи безбедност, стерилност и професионална поддршка за секој оперативен зафат.

Доктори на Одделение за операциони сали

Д-р Ѓорѓи Ставридис

Д-р Ѓорѓи Ставридис

Специјалист по општа хирургија абдомен останува тука да се додаде

Преглед на Moj Термин

Одделението не работи со закажување преку Мој Термин!
Scroll to Top