БИОХЕМИСКО-ХЕМАТОЛОШКА И ИМУНОЛОШКА ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА
Амбулантна соба
ЛАБОРАТОРИЈА
Раководител на оддел
Д-р Виолета Тодорова
Специјалист по медицинска биохемија
Одделенска сестра
Боби Стојановски
Телефон:
/
Е-пошта:
/
За одделението
Хематолошко – биохемиско - имунолошката лабораторија работи во состав на ЈЗУ Универзитетската Клиника по хируршки болести Св. Наум Охридски – Скопје од нејзиното основање. Со развојот и усовршувањето на хируршката дејност на болницата се развиваше и лабораторијата, се со цел комплетно опслужување на потребите на истата, односно навремено, ефикасно, прецизно и точно изведување на лабораториските иследувања, и учество во поставувањето на дијагнозата и спроведување на терапија на ургентни и хируршки пациенти. Вршиме лабораториски услуги за пациенти од нашите специјалистичко консултативни амбуланти и пациенти кои стационарно се лекуваат кај нас .
Хематолошко – биохемиската имунолошката лабораторија нуди:
- На располагање 24 часа во текот на денот, 365 дена во годината,
- Брза, точна, прецизна и квалитетна изработка на анализите со најсовремена апаратура и опрема,
- Изработка на итни и ургентни анализи во најкраток рок (30 мин – 1 час )
- Калибрација, секојдневна контрола на квалитет ,
- Mесечна сертифицирана надворешна контрола PREVECAL –ШПАНИЈА и тромесечна надворешна контрола ESFEQA Gmbh- ГЕРМАНИЈА ,со највисоки технолошки, административни како и лабораториско - медицински стандарди со надзор од високо стручен и професионален кадар.
- Потполно безбеден систем за земање на крв со вакум систем - моновети од страна на искусен и обучен медицинско - лабораториски персонал .
- Целосна меѓусебна софтверска поврзаност на сите апарати во лабораторијата со амбулантите, болничките оддели во Клиниката и со Мој термин.
- Унапредување на човековото здравје според најсовремени стандарди е наша основна цел со високо квалификуван и професионален персонал со најсовремени клиничко лабораториски тестови од различни области на медицината – клиничка хематологија, биохемија, ендокринологија, имунологија, вирусологија.
</li><li>Унапредување на човековото здравје според најсовремени стандарди е наша основна цел со високо квалификуван и професионален персонал со најсовремени клиничко лабораториски тестови од различни области на медицината – клиничка хематологија, биохемија, ендокринологија, имунологија, вирусологија.</li></ul>
<
