ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПЕРАЦИОНИ САЛИ
АМБУЛАНТНА СОБА:--
- Раководител на оддел:
Д-р Ѓорѓи Ставридис,
Специјалист по општа хирургија
- Одделенска сестра: Јованка Масинова
- Телефон:
- Е-пошта:
За одделението:
Одделот за операциони сали е стратешки важна единица во рамки на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, која обезбедува безбедна, ефикасна и современа хируршка нега. Одделението е опременo според највисоките медицински стандарди и служи како централен ресурс за подготовка и реализација на оперативни интервенции во болницата.
Основните активности на одделот вклучуваат:
Подготовка на оперативна програма
Подготвување и организација на операционите сали и материјали
Стерилизација и проверка на хируршки инструментариум
Контрола на хигиенско-санитарната безбедност преку земање брисеви
Одделот располага со 5 модерно опремени операциони сали, дизајнирани за изведување на широк спектар хируршки интервенции, вклучително и минимално инвазивни процедури. Салите се опремени со:
Лапароскопи и ендоскопи
Хируршки микроскоп
Два рентген апарати за интраоперативно снимање
УВ лампи и „топови“ за прочистување и дезинфекција
Медицинскиот тим го сочинуваат:
2 доктори специјалисти
11 медицински сестри (3 дипломирани, 8 инструментарки)
Единица за стерилизација со 4 техничари, од кои еден е дипломиран организатор на процесите
Стерилизацијата се врши со:
Автоклав стерилизатор
Плазма стерилизатор (CISA)
Машина за механичко перење на инструменти
Целокупниот тим функционира координирано и професионално, со цел обезбедување на максимална безбедност и поддршка при секоја интервенција.
Болести и дијагнози кои се третираат на одделение за Операциони сали:
Иако Одделот за операциони сали не третира директно болести, тој претставува критична логистичка, техничка и организациона основа за успешно изведување на сите оперативни интервенции во болницата. Овој оддел е директно вклучен во секоја фаза на хируршката грижа – од подготовка на просторот, инструментариумот и стерилните услови, па сè до координација со медицинскиот тим за непречено и безбедно спроведување на зафатите.
Ниту една хируршка процедура не би била можно да се изведе без активна поддршка од операционите сали – било да се работи за неврохирургија, трауматологија, абдоминална и висцерална хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, урологија, или други специјализирани одделенија.
Со својата постојана подготвеност, современа технологија и високо обучен кадар, одделот ја обезбедува инфраструктурата што го поврзува целокупниот хируршки систем на болницата, гарантирајќи безбедност, стерилност и професионална поддршка за секој оперативен зафат.
Доктори на одделението за операциони сали
Проверете достапни термини за преглед:
НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!
