ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АБДОМИНАЛНА ХИРУРГИЈА "А"- ЖЕНСКО

АМБУЛАНТНА СОБА: 9

  • Раководител на оддел: А Д-р Стојанчо Јованов, Специјалист по општа хирургија
  • Одделенска сестра: Наташа Митровска
  • Телефон:
  • Е-пошта:

За Oдделението:

Одделот за висцерална и абдоминална хирургија А при Универзитетската за хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје функционира од основањето на Клиниката за хируршко лекување на пациенти со општохируршка и абдоминална патологија. Одделението е посветено на современ третман на акутни, хронични и онколошки состојби во абдоминалната регија, со употреба на најнови техники и современ инструментариум.

Основни услуги и активности:

  • Амбулантски прегледи и проценка на пациенти

  • Елективни и ургентни хируршки интервенции

  • Специјализирани лапароскопски и отворени хируршки процедури

  • Одделението располага со 6 доктори специјалисти и 2 супспецијалисти, од кои еден со академско звање Доцент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тимот ја комбинира медицинската експертиза со современи техники, со цел да обезбеди сигурна, прецизна и грижлива хируршка нега.

Болести и дијагнози кои се третираат на Одделение за абдоминална хирургија - Женско:

Елективна хирургија:

Одделението изведува планирани оперативни зафати од различни области, како што се:

  • Хирургија на езофагусот (бенигни и малигни состојби)

  • Хирургија на дијафрагма

  • Поправка на абдоминални хернии (вродени, стекнати, пост-инцизионални)

  • Хируршки третман на желудник, тенко и дебело црево поради тумори, воспаленија, стенози, опструкции

  • Операции на билијарниот систем (жолчка и патишта)

  • Хирургија на слезенка и одредени интервенции на панкреас

  • Лапароскопски интервенции кај избрани случаи

  • Други интервенции на гастроинтестиналниот тракт


Ургентна хирургија:

Тимот реагира брзо и ефикасно при:

  • Трауматски повреди на абдоменот и внатрешни органи (во рамки на изолирани или политрауматски состојби)

  • Ургентни воспалителни или онколошки состојби

  • Опструкции на дигестивниот или билијарниот систем

  • Други акутни абдоминални компликации

Доктори на Одделението за Абдоминална хирургија - Женско

Д-р Фросина Јовановска

Д-р Фросина Јовановска

Доктор на медицина на специјализација по дигестивна хирургија

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!

Scroll to Top