ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА
АМБУЛАНТНА СОБА: 6
- Раководител на оддел: Д-р Емилија Атанасова, Супспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија
- Одделенска сестра: Ауљона Абдиу
- Телефон:
- Е-пошта:
За Одделението:
Одделението функционира во согласност со најсовремените медицински стандарди, со тим на искусни хирурзи и медицински персонал, посветени на сигурна, професионална и хумана нега на секој пациент.
Болести и дијагнози кои се третираат на Одделение за пластична и реконструктивна хирургија:
Одделението за пластична и реконструктивна хирургија при Градската болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје е специјализирано за пружање висококвалитетна медицинска нега и хируршки третман во областа на:
Реконструктивна хирургија – корекција на функционални и естетски деформитети предизвикани од повреди, болести или вродени состојби
Хирургија на шака – третман на трауми, синдроми, контрактури и други нарушувања на шака и зглоб
Микрохирургија – фина реконструкција на крвни садови и нерви
Третман на мекоткивни тумори и тумори на кожа – дијагностика и хируршко отстранување со прецизна реконструкција
Естетска хирургија – современи процедури за подобрување на изгледот и самодовербата
Еднодневна хирургија и мала хирургија – брзи и безбедни процедури со кратко време на опоравување
Поликлиничка дејност и ургентна амбуланта – достапност за консултации, прегледи и итни случаи
Прегледи и преврски – следење на пациентите по интервенции и превентивна грижа
