ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

АМБУЛАНТНА СОБА:--

  • Раководител на оддел: Д-р Надежда Спироска, Супспецијалист по гастроентерохепатологија
  • Одделенска сестра: Татјана Стојчевска
  • Телефон:
  • Е-пошта:

За одделението:

Одделот за интерна медицина при Универзитетска хируршка болница „Свети Наум Охридски“ – Скопје обезбедува сеопфатна предоперативна проценка и следење на пациентите во постоперативниот период. Нашите специјалисти вршат детална интернистичка евалуација со цел да се обезбеди максимална безбедност и успешност на секој хируршки зафат.

Годишно се прегледуваат и проценуваат над 6000 пациенти, што го прави одделот клучен сегмент во обезбедувањето на квалитетна и персонализирана медицинска грижа. Во моментов, тимот се состои од двајца специјалисти по интерна медицина и еден супспецијалист по гастроентерохепатологија, кои со своето искуство и стручност придонесуваат за највисоките стандарди во здравствената заштита.

Болести и дијагнози кои се третираат на одделение за интерна медицина:

 

Работата на одделот за интерна медицина е организирана според потребите на пациентите и хируршките одделенија, обезбедувајќи високо ниво на медицинска грижа во следниве дејности:

  • Предоперативна проценка на пациентите планирани за хируршки интервенции.
  • Постоперативен менаџмент и третман за следење и оптимизација на закрепнувањето на пациентите.
  • Третман на интернистички коморбидитети кај пациенти од областа на трауматологија, неврохирургија, абдоминална хирургија, урологија, васкуларна хирургија и пластична хирургија.
  • Редовно изведување на ендоскопски интервенции за амбулантски и хоспитализирани пациенти.
  • Планирано воведување на ехокардиографски проценки како дел од предоперативната евалуација.

Со ваквиот пристап, одделот за интерна медицина обезбедува континуирана и интегрирана грижа за сите пациенти во болницата.

Доктори на одделението за интерна медицина

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!

'; } add_shortcode('mojtermin_interna_medicina', 'mojtermin_interna_medicina_iframe');
Scroll to Top