ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВАСКУЛАРНА ХИРУГРИЈА

АМБУЛАНТНА СОБА:4

  • Раководител на оддел: Прим. м-р. д-р Игор Костов, Супспецијалист по васкуларна хирургија
  • Одделенска сестра: Бранкица Костовска
  • Телефон:
  • Е-пошта:

За одделението:

Одделот за Васкуларна Хирургија при Градската хируршка болница „Свети Наум“ обезбедува сеопфатна грижа за пациентите со васкуларни заболувања, вклучувајќи превенција, дијагностика, хируршки третман и постоперативна нега.

Нашиот тим од искусни васкуларни хирурзи и медицински сестри спроведува елективни и ургентни хируршки интервенции, кои се надополнети со современ постоперативен третман и рехабилитација. Покрај тоа, одделот располага со васкуларна лабораторија за напредна ултразвучна дијагностика, овозможувајќи прецизно следење и навремена интервенција.

Болести и дијагнози кои се третираат на одделение за васкуларна хирургија

Нашите Васкуларни хирурзи обезбедуваат целосен програм на Васкуларни хируршки опции за нашите пациенти:

  • Хируршки третман на абдоминална аортална анеуризма со отворена хирургија.
  • Реваскуларизација на крвните садови на горните и долните екстремитети со отворена хирургија (директна и индиректна).
  • Лекување на артериска инсуфициенција предизвикана од периферна артериска болест (ПАД).
  • Превенција, дијагностика и хируршки третман на примарна и секундарна венска инсуфициенција на долните екстремитети.
  • Амбулантска флебектомија за минимално инвазивно отстранување на проширени вени.

Венски пристап и минимално инвазивни процедури

  • Колор Доплер асистирана склерозација на вени.
  • Радиофреквентна аблација на вени – современа техника за третман на венска инсуфициенција.
  • Амбулантска флебектомија – минимално инвазивна хируршка процедура.
  • Поставување на венски пристап за терапевтски потреби.

Одделот за васкуларна хирургија обезбедува високостручна и индивидуализирана грижа со примена на најсовремените методи и технологии.

Доктори на одделението за васкуларна хирургија

Д-р Ѓорѓи Решов

Д-р Ѓорѓи Решов

Супспецијалист по васкуларна хирургија

Проверете достапни термини за преглед:

НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!

Scroll to Top