ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА И РЕАНИМАЦИЈА
АМБУЛАНТНА СОБА:--
- Раководител на оддел: Д-р Небиљ Аббас, Супспецијалист по интензивно лекување на критично болни пациенти
- Одделенска сестра: Бранкица Костовска
- Телефон:
- Е-пошта:
За одделението:
Анестезиолозите во Градската хируршка болница „Свети Наум“ – Скопје обезбедуваат врвна анестезиолошка грижа за пациенти од Скопје и пошироко, како регионален центар на терциерно медицинско ниво. Годишно се згрижуваат над 4000 пациенти при хируршки процедури, а повеќе од 4500 пациенти се лекуваат во одделот за интензивно лекување и постоперативна нега.
Тимот го сочинуваат осум специјалисти по анестезиологија, шест специјализанти, еден доктор по медицина и десет медицински сестри-анестетичарки. Во секојдневната работа учествуваат и специјализанти од сродни области, техничари и сестри во интензивно лекување и периоперативна нега, обезбедувајќи високо ниво на здравствена заштита.
Болести и дијагнози кои се третираат на одделение за анестезиолигја и реанимација:
Работата е организирана според потребите на одделот за следните дејности:
- Обезбедување анестезија за различни хируршки гранки: трауматологија, неврохирургија, абдоминална хирургија, урологија, васкуларна хирургија, детска хирургија, пластична и реконструктивна хирургија.
- Предоперативна проценка и подготовка на пациентите.
- Постоперативен менаџмент и периоперативна медицина.
- Периоперативен третман на болка.
- Интензивно лекување на критично болни пациенти.
- Специјализиран третман и нега на пациенти со опсежни изгореници.
Доктори на одделението за анестезилогија и реанимација
Проверете достапни термини за преглед:
НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!
