ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АБДОМИНАЛНА ХИРУРГИЈА "А"- ЖЕНСКО
АМБУЛАНТНА СОБА: 9
- Раководител на оддел: А Д-р Стојанчо Јованов, Специјалист по општа хирургија
- Одделенска сестра: Наташа Митровска
- Телефон:
- Е-пошта:
За Oдделението:
Одделот за висцерална и абдоминална хирургија А при Универзитетската за хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје функционира од основањето на Клиниката за хируршко лекување на пациенти со општохируршка и абдоминална патологија. Одделението е посветено на современ третман на акутни, хронични и онколошки состојби во абдоминалната регија, со употреба на најнови техники и современ инструментариум.
Основни услуги и активности:
-
Амбулантски прегледи и проценка на пациенти
-
Елективни и ургентни хируршки интервенции
-
Специјализирани лапароскопски и отворени хируршки процедури
Одделението располага со 6 доктори специјалисти и 2 супспецијалисти, од кои еден со академско звање Доцент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Тимот ја комбинира медицинската експертиза со современи техники, со цел да обезбеди сигурна, прецизна и грижлива хируршка нега.
Болести и дијагнози кои се третираат на Одделение за абдоминална хирургија - Женско:
Елективна хирургија:
Одделението изведува планирани оперативни зафати од различни области, како што се:
Хирургија на езофагусот (бенигни и малигни состојби)
Хирургија на дијафрагма
Поправка на абдоминални хернии (вродени, стекнати, пост-инцизионални)
Хируршки третман на желудник, тенко и дебело црево поради тумори, воспаленија, стенози, опструкции
Операции на билијарниот систем (жолчка и патишта)
Хирургија на слезенка и одредени интервенции на панкреас
Лапароскопски интервенции кај избрани случаи
Други интервенции на гастроинтестиналниот тракт
Ургентна хирургија:
Тимот реагира брзо и ефикасно при:
Трауматски повреди на абдоменот и внатрешни органи (во рамки на изолирани или политрауматски состојби)
Ургентни воспалителни или онколошки состојби
Опструкции на дигестивниот или билијарниот систем
Други акутни абдоминални компликации
Доктори на Одделението за Абдоминална хирургија - Женско
Проверете достапни термини за преглед:
НАПОМЕНА: прикажаните термини се од информативен карактер, за закажувањер на термин преку сервисот на Мој Термин обратете се кај вашиот матичен лекар!
